Истражување

Во земјава недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош

25.12.2023 13:23

Во моментов државата располага со 258 тимови и овој број наместо да се зголемува, секоја година се намалува....

Во земјава недостигаат 52 екипи за итна медицинска помош за да се задоволи законски пропишаниот минимум на тимови што треба да ги има еден медицински центар согласно бројот на жители, покажа најновото истражување на центарот за граѓански комуникации.

Во моментов државата располага со 258 тимови и овој број наместо да се зголемува, секоја година се намалува. Според податоците добиени од центрите, најлошо во овој поглед стојат Скопје, каде недостигаат 18 екипи, а најдобра покриеност имаат Вевчани, Пехчево и Ростуше.