Србија

Уапсени триесет и осум демонстранти на синоќешниот протест во Белград

25.12.2023 13:59

Опозицијата обвинува за изборна кражба од владејачката Српска напредна партија, што партијата и претставниците на државниот врв ги негираат ваквите наводи. Белград денеска под блокада, протестираат студентите. Оливер Бранковиќ известува од Белград.

Триесет и осум демонстранти се уапсени, а десетици полицајци се повредени на синоќешниот протест во Белград. Маскирани лица ја нападнаа зградата на градското собрание. Полицијата употреби солзавец. Има повредени припадници на полициските сили. Опозицијата обвинува за изборна кражба од владејачката Српска напредна партија, што партијата и претставниците на државниот врв ги негираат ваквите наводи. Белград денеска под блокада, протестираат студентите. Оливер Бранковиќ известува од Белград.