Инфраструктура

Бочварски во посета на Пробиштип и Лозово

25.12.2023 14:10

Владата останува најголемиот поддржувач и инвеститор во општините реализирајќи голем број инфраструктурни проекти со кои го подобруваме животот на нашите граѓани, истакна министерот за транспорт и врски.

Обезбедување на подобри услови за живот, урбаниот развој и градењето на квалитетна патна мрежа се нашите приоритети на кои активно работиме насекаде низ општините. Владата останува најголемиот поддржувач и инвеститор во општините реализирајќи голем број инфраструктурни проекти со кои го подобруваме животот на нашите граѓани, истакна министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, при денешната посета на општина Пробиштип.

Тој заедно со градоначалникот Анастасов извршија увид во градежните активности на улицата Христијан Тодоровски Карпош која се реконструира со средства обезбедени преку Министерството за транспорт и врски, во рамки на Проектот за поврзување со локални улици и патишта.

Министерот Бочварски исто така ја посети и кон општина Лозово, каде изврши увид и во градежните активности на реконструкција на главната улица населеното место Аџиматово, проект исто така што се реализира преку Министерството за транспорт и врски.

Во рамките на посетата на Аџиматово, оствари средби и со локалното население. Во општина Лозово преку Проектот за поврзување со локални улици и патишта се инвестирани над 580 илјади евра, а до сега се реконструираа вкупно 23 локални улици и патишта во општината.