РКЕ

Поскапуваат горивата од полноќ

25.12.2023 14:27

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53% во однос на одлуката од 22.12.2023 година...

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,53% во однос на одлуката од 22.12.2023 година.

Малопродажната цена бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се зголемува за 1,00 ден/лит и ќе изнесува 77,50 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 ден/лит и изнесува 80,00 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), 74,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) ќе изнесува 74,00 ден/лит, соопштуваат од РКЕ.