Со новиот Предлог-закон ќе се растовари јавниот сектор од партиски вработувања, тврди Алиу
Со Предлог-законот од Министерството за финансии се очекува олеснување на процедурите за вработувањата, оценува министерот Алиу. Секоја институција на почеток на годината ќе доставува годишен план за вработувања...

Секоја институција на почеток на годината ќе доставува годишен план за вработувања, согласно Предлог-буџетот, со што ќе се знае каков тип кадри се потребни во моментот. Министерот Алиу убедува, со новиот Предлог-закон ќе се олеснат процедурите при ангажман на нови вработени во јавниот сектор, ќе се растовари од партиски полнења.
Што се однесува до критиките на јавноста и опозицијата за големиот број огласи за вработувања во државните институции, особено во предизборниот период, Алиу објасни дека одлуката на Владата се однесува на привремените вработувања. Односно, истиот број работни места, место на определно ќе се затворат со вработување на неопределено време. Тој потенцираше дека тоа нема да значи дека истите луѓе ќе бидат вработени. Напротив, отворени се огласи за да можат да конкурираат сите заинтересирани.
Во однос, пак, на Законот за висока раководна служба, Алиу рече дека работните групи имаат различни пристапи. Одлуката ќе биде донесена во согласност со регулативите на ЕУ.
Марина Стојанова Тонева
