Ковачевски и Мицкоски убедени во победа на коалицијата што ја предводат на претстојните избори
Премиерот не им верува на анкетите кои кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ. За четири месеци сè ќе биде јасно, вели опозицискиот лидер Мицкоски по негирањата на рејтинзите од Ковачевски...

И Ковачевски и Мицкоски себе си се гледаат како идни мандатари на новата Влада, секој убеден во победа на коалицијата што ја предводи. Победуваме и на претседателските и на парламентарните избори, тврди шефот на владата. Вели не верува во анкетите кои кажуваат дека опозициската ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ. Правиме и ние анкети, но Мицкоски кога знае за одредени податоци не ги објавува, вели Ковачевски.
За четири месеци се ќе биде јасно, вели опозицискиот лидер Мицкоски по негирањата на рејтинзите од Ковачевски.
Најавата на Изет Меџити дека и Самоопределување на Курти од Косово ќе учествува со свои кандидати во коалицијата Европски сојуз за промени преку поединци за Ковачевски е симптоматично, бидејќи ниедна партија од друга држава не може да учествува на избори. Мицкоски толкува дека најверојатно се работи за македонски државјани бидејќи поинаку не може. Двајцата лидери сè уште не седнале на заедничка маса за техничката влада, но останува ставот на опозицијата дека нема да дадат поддршка на Талат Џафери за технички премиер.
Премиерот не им верува на анкетите кои кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има двојна предност пред СДСМ.
Миле Ристески
