Инфекции и настинки ги полнат ординациите, најсилниот бран се очекува по празниците
Настинки, вируси, инфекции, пациенти со температури. Ординациите на матичните лекари се полни. Најсилниот бран се очекува по празниците, велат докторите…

Стрептококните инфекции како никогаш ги напаѓаат децата, вели доктор Анкица Станоевска која три децении работи како лекар. Според неа, застрашувачки е што имала мали пациенти кај кои стрептококната инфекција предизвикала ревматична треска, но и перикардит и миокардит.
Ентероколити годинава има многу повеќе од истиот период лани и тоа за 85%, покажуваат податоците од месечниот извештај на ИЈЗ. Докторката Станоевска вели, посебно внимание треба и за оваа состојба, малите деца дехидрираат за неколку часа, уште првиот ден. Но, во ординациите има пациенти со аденовирусни инфекции, ковид инфекции, пневмонии.
Согласно со податоците на Институтот за јавно здравје во земјава има низок интензитет на грип. До 17-ти декември се пријавени 54% повеќе случаи во споредба со почетокот на месецот.
Станоевска апелира малите деца кои биле болни, како и повозрасните со хронични заболувања, во периодот на претстојните празници да останат дома.
Наташа Јанчиќ-Менковски
