Град Скопје

Арсовска ги одмина медиумите, но ги чека резултатите од истрагата на Финансиската полиција

25.12.2023 19:41

Арсовска со иронична фотографија како игра шах со Дедо Мраз на социјалните мрежи најави оти ги чека резултатите од инспекцијата. Медиумите ги одмина, им се обрати на граѓаните на Плоштадот Македонија...

Инспектори од Финансиската полиција во Град Скопје го испитуваат спроведувањето на постапката за новогодишното украсување во главниот град. Истражуваат како се трошени парите од локалната каса по изјавите на градоначалничката Данела Арсовска дека украсувањето на метрополата е финансирано преку јавен повик со 30.000 евра.

Арсовска, пак, со иронична фотографија како игра шах со Дедо Мраз на социјалните мрежи најави оти ги чека резултатите од инспекцијата. Медиумите ги одмина, им се обрати на граѓаните на Плоштадот Македонија на отворањето на новогодишната програма.