Влада

Премиерот Ковачевски и Наумов ќе информираат за поддршката на компаниите преку Развојната банка

26.12.2023 08:40

На прес-конференцијата ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и министерот за економија, Крешник Бектеши...

Денеска премиерот Димитар Ковачевски, заедно со директорот на Развојна Банка, Кире Наумов, ќе се обратат на прес-конференција за поддршката на компаниите преку Развојната банка за економскиот раст на државата.

Како што соопштуваат од владината прес-служба, на прес-конференцијата ќе присуствуваат и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи, министерот за финансии Фатмир Бесими, како и министерот за економија, Крешник Бектеши.