Трет ден расправа за Дополнителниот предлог буџет за 2024
Собранието во рамки на денешното продолжение на 135. седница трет ден треба да расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година.

Собранието во рамки на денешното продолжение на 135. седница трет ден треба да расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година.
За пратениците од опозицијата, гломазен и неразвоен буџет, кој како што кажаа не носи развој, туку криминал и корупција. З
а владејачкото мнозинство, пак, е реален, развоен и ќе обезбеди одржлив економски раст. Проектираниот дефицит за 2024 година во износ од 33,5 милијарди денари како и отплатата на долгот во износ од 45 милијарди денари, од кои надворешен долг во износ од 26,4 милијарди денари и домашен долг во износ од 18,6 милијарди денари, ќе се финансираат преку домашно и странско задолжување.
