Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги додели признанијата Орден за заслуги, Медал за заслуги и Повелба на РС Македонија
Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија.

Претседателот Стево Пендаровски денеска на свечена церемонија ќе ги додели признанијата Орден за заслуги за Република Северна Македонија, Медал за заслуги за Република Северна Македонија и Повелба на Република Северна Македонија.
Како што информираат од Кабинетот на претседателот, со Орден за заслуги за Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски ќе ги одликува Гоце Тодоровски, Коле Ангеловски и Бајруш Мјаку.
Медал за заслуги за Република Северна Македонија ќе им биде врачен на Бранко Огњановски, Васко Тодоров и Лупчо Каров.
