Намалена видливост на дел од државните патишта поради магла
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен...

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено во зимски услови, по наместа влажни коловози.
Намалена видливост поради појава на магла од 50 до 100 метри има на патниот правец Скопје – Катланово, до 50 метри на патниот правец Катланово – Велес, од 100 до 150 метри на патниот правец Неготино – Д. Капија и од 70 до 100 метри на патниот правец Д. Капија – Удово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
