Ракомет

На победа

06.06.2014 00:54

Несомнено, македонската ракометна гордост го доби посакуваниот противник што овозможува континуитет на учество меѓу елитата, но желбите, амбициите, па и фаворитската улога сега треба да се преточат во дело...

Мирно, без еуфорија,без оглед на името на противникот, иако набојот е голем не само од спортски аспект, нашите најдобри ракометари го очекуваат првиот натпревар од бараж двомечот со јужниот сосед. Велат му приоѓаат како и на секој друг, значаен, клучен за настап на уште една голема манифестација-Светското првенство во Катар.

Несомнено, македонската ракометна гордост го доби посакуваниот противник што овозможува континуитет на учество меѓу елитата, но желбите, амбициите, па и фаворитската улога сега треба да се преточат во дело.

„Противникот не не интересира, се зависи од нас самите“- вели селекторот Обрван потврдувајќи дека Македонија оди на победа среде Атина.

И домаќините се свесни за квалитетите на нашите ракометари, велат дека Македонија е селекција од светска класа, но ќе ја побараат својата шанса со надеж и повик, публиката да им биде играч плус. Противник што нема што да загуби секогаш е најтежок.

Со два настапа на големите собири на светското 2005-тата и како домаќин без квалификации на олимписките игри годината  пред тоа, ракометот во Грција не е предизвик за гледачите, но се очекува солидна исполнетост на Лиосион Арената во Атина. Атмосверата не ги плаши нашите ракометари, ако ја одиграат својата игра тогаш ништо не може да ги запре.Очекуваат триумф како најубава најава за спектаклот во реваншот на 15-ти месецов.

Останува, со нетрпение да ја очекуваме сабота и 18 часот кога ќе стартува натпреварот Грција –Македонија под водство на германската судиска двојка Гејпел и Хелбиг.