Албанија

Над 40 лица повредени во голем пожар во Лушње, Албанија

26.12.2023 09:45

Пожарникарите и специјалните полициски сили успеале да ги евакуираат сите присутни во трговскиот комплекс...

Над 40 лица се повредени во голем пожар што избувна во трговски центар во Лушње, Албанија. Пожарникарите и специјалните полициски сили успеале да ги евакуираат сите присутни во трговскиот комплекс.

Причината за пожарот допрва треба да се утврди, но локалните медиуми објавија дека најверојатно хаваријата ја предизвикала искра на електричниот систем за затоплување.