Руско - украински конфликт

Украина извршила воздушен напад на Крим

26.12.2023 09:46

Снимките објавени од неколку руски медиуми на Телеграм, покажуваат силна експлозија и пожар над областа на пристаништето...

Украина извршила воздушен напад на Крим и уништила руски десантен брод од црноморската флота, тврдат од украинските воздухопловни сили. Снимките објавени од неколку руски медиуми на Телеграм, покажуваат силна експлозија и пожар над областа на пристаништето.

Во 2014-та година Русија го анектираше Крим, кој е меѓународно признат како дел од Украина.