Велес

Се одржа јавна расправа за нова „Б“ еколошка дозвола за отстранување на депонијата со згура кај Велес

26.12.2023 11:29

Експертите имаат забелешки на барањето за нова „Б“ еколошка дозвола за отстранување на депонијата со згура крај Велес. Наспроти концесионерот, велат не постои процес на работа кој не предизвикува загадување и потребен е континуиран и интензивен мониторинг...

На јавната расправа за издавање на нова „Б“ еколошка дозвола за Кепс Маунт Груп, која ја бара за да ја отстрани депонијата со згура крај Велес, стручните лица со забелешки за документот. Во депонијата која е резултат на три децениското работење на топилницата, во некои делови има опасен отпад, за кои нема објаснување, како да се отстрани а да не создава загадување.

Велешката депонија е втора по опасност во Македонија, по таа на ОХИС. За следење на работата на постројката потребен континуиран и интензивен мониторинг.

Бидејќи згурата која е полна со остатоци од тешки метали, никој не ја прима, со новата „Б“ еко дозвола концесионерот Кепс Маунт Груп бара да има постројка за мелење и дробење на згурата. Тврдат дека нема да има топење, хемиски и металуршки процес.

Од концесионерот велат дека во барањето за новата „Б“ еко дозвола се обврзале со гаранции дека доколку се случи било каква еко хаварија, тие да извршат обесштетување.

 

Петар Печков