Макфест во нов сјај: Познати победниците на првата полуфинална вечер

05.06.2014 23:53

По пат на телевоутинг, освен присутната публика, гледачите ги избраа финалистите...

Од 15-те натпреварувачи на првата полуфинална вечер на фестивалот за забавни мелодии Макфест кој вечерва се одржа на сцената на Домот за култура „Ацо Шопов“ во Штип, 9 изведувачи продолжуваат во големото финале што ќе се одржи во сабота.

По пат на телевоутинг, освен присутната публика, гледачите ги избраа следните финалисти: Јоце Панов, Дарко Илиевски, Маја Вукичевиќ, Мики Секуловски, Александар Белов, Викторија Лоба, Емил Арсов, Симона Попоска и Лена Заткоска.

Пејачите на сцената ги придружуваше ревискиот оркестар на Македонската Радио Телевизија, а додека траеше гласањето публиката присутна во Домот на културата во Штип и гледачите на МРТ ги забавуваше Драган Мијалковски со своите хитови.

Утре со почеток од 20:30 часот на првиот програмски канал на јавниот сервис ќе се пренесува втората полуфинална вечер, додека финалето ќе биде во истиот термин во сабота.