ФРАНЦИЈА
Мајка и нејзините четири деца пронајдени мртви во близина на Париз
26.12.2023 11:39
Според Обвинителството, телата биле пронајдени доцна синоќа, а во апартманот немало знаци од насилно влегување...

Хорор во близина на Париз. Мајка и нејзините четири деца на возраст од девет месеци до 10 години се пронајдени починати во стан, во градот Мо, 40 километри од француската престолнина. Според Обвинителството, телата биле пронајдени доцна синоќа, а во апартманот немало знаци од насилно влегување.
По активна потрага, полицијата го уапси сопругот и татко на малолетните деца. Во тек е истрага.
