Економија

Мерката „гарантирана цена“ ќе важи до крајот на наредниот месец

26.12.2023 12:15

Владата најави дека мерката ќе биде продолжена за најмалку уште еден месец.

Граѓаните и во јануари ќе пазаруваат по гарантирани цени. Владата најави дека мерката ќе биде продолжена за најмалку уште еден месец.

Причината за ваквиот потег е фактот што сè уште не е донесен законот за нефер трговски практики, којшто се проценува дека ќе почне да важи од 1-ви февруари. Целта на продолжувањето на мерката е граѓаните да се заштитат од повторен раст на цените.