Франција

Полицијата го уапси сопругот осомничен за петкратното убиство во Франција

26.12.2023 14:17

Хорор во близина на Париз. Мајка и нејзините четири деца на возраст од девет месеци до 10 години се пронајдени починати во стан, во градот Мо...

Хорор во близина на Париз. Мајка и нејзините четири деца на возраст од девет месеци до 10 години се пронајдени починати во стан, во градот Мо, 40 километри од француската престолнина. Еден од соседите на семејството го вклучил алармот откако открил траги од крв. По активна потрага, полицијата го уапси сопругот и таткото на малолетните деца. Соседите го опшиваат таткото како депресивен и многу воздржан. Мајката, од друга страна, била весела и комуникативна. Во тек е истрага. Од Обвинителството велат дека веќе имало пријави за насилство кои биле отфрлени поради ментална состојба.

„Се што можев да видам е дека ролетните се затворени. Не добивав повеќе повици од неа, иако таа ми се јавува секој ден за се и сешто“, рече сосетка на жртвата.

„Видов траги од крв на подот покрај нејзината врата, па повикав полиција да им кажам. Навистина се загрижив за мојата пријателка“, вели сосетка на жртвата.

„Во тоа време, оваа дама беше прободена со нож во левото рамо. Случајот беше отфрлен поради ментална слабост“, изјави Жан-Батист Бладиер, обвинител.