РКЕ

Пониска цена на струјата во првиот блок, повисока во блок три и четири

26.12.2023 14:25

„ЕВН Хоум“ пресмета, регулаторна пресече, струјата во првиот блок поевтинува за 5,16%, во двојката и кај евтината тарифа нема промени, во тројката и четворката поскапување. Новата цена ќе важи од 1-ви јануари…

Сметките за струја од 1-ви јануари за едни пониски, за други повисоки. Регулаторна соопшти дека за 5,16 проценти ќе поевтини електричната енергија во првиот блок, во вториот и евтината дневна тарифа останува иста. Раст на цената ќе има кај третиот блок за 2, 88 процени, односно, 1,86 проценти во четвртиот.

Речиси никаква разлика во сметката нема да има кај оние кои плаќаат околу 2.000 денари, додека најголемо намалување ќе почувствуваат домаќинствата со сметки над 6.000 денари. Претседателот на РКЕ, Бислимовски, вели дека со ова е спречен ценовен шок.

Согласно новиот модел на Законот за енергетика, од 1-ви јануари ќе има нова давачка на сметката за струја – пристап до мрежа. Ќе чини 200 денари и ќе го плаќаат сите, без разлика дали трошеле струја или не. Според првиот регулатор, мерката се носи поради намалената потрошувачка на струја во земјава.

Според последните податоци, финишира и промената на броилата. Досега се заменети над 80 проценти, очекувањата се дека наскоро сите потрошувачи ќе бидат приклучени на евтината дневна тарифа.

 

Викторија Милевска