Изборните ветувања почнаа да се пласираат
Додека актуелната власт укажува на зголемување на платите и пензиите, опозицијата обвинува дека ветувањата се само за да го намалат изборниот пораз.

До изборите уште 4 месеци, но изборните ветувања одамна почнаа да се пласираат. Доколку ја добиеме довербата од граѓаните, во новиот мандат ќе спроведеме ветинг, не само на именувани и избрани функционери туку и од премиер и министри, до царина, обвинителство и судови, вели премиерот Ковачевски. Не ја исклучува можноста од проширување и на физички и правни лица. Со ова тој ја коментира анкетата, дека дури 80 проценти од граѓаните сметаат дека корупцијата е најголем проблем во државата.
Власта не престанува да ги злоупотребува институциите и да ги користи како ресурс за предизборен поткуп. Реализирани се над 1.000 вработувања на само неколку месеци пред избори – обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. По толку години власт, не направиле процена дека има недостаток на кадар, а тоа го прават токму сега пред избори, злоупотребувајќи го и стандардот на граѓаните, вели портпаролката Митева.
И додека актуелната власт укажува на зголемување на платите и пензиите, опозицијата обвинува дека ветувањата од власта се само за да го намалат изборниот пораз.
Миле Ристески
