Бројките на семејно насилство го вклучија алармот
46 проценти од жените во Македонија биле жртви на психолошко, физичко или сексуално насилство. Статистиките покажуваат дека мажите се почесто жртви во јавниот простор, а жените во приватниот простор или семејството. Потребни се континуирани кампањи за подигање на јавната свест...

46 проценти од жените во Македонија биле жртви на психолошко, физичко или сексуално насилство. Бројките го вклучија алармот. Проблемот почнува дома и на училиште, филозофијата на ненасилство мора да стане дел од образовниот процес, укажува професорката и пратеничка Силјановска – Давкова.
Министерката за труд и социјала смета дека превенцијата е клучна.
Статистиките покажуваат дека мажите се почесто жртви во јавниот простор, а жените во приватниот простор или семејството. Онаму каде што треба да се чувствуваат најбезбедно.
Закони има, ама треба да се промени и судската практика. Мал дел од предметите, чијшто број постојано расте, завршуваат со затворски казни.
Потребни се континуирани кампањи за подигање на јавната свест, но и повеќе центри за згрижување жртви од семејно и родово – базирано насилство.
Александра Спировска
