Вработените во финансии го бараат додатокот
Вработените во финансии и органите под ресорот, на протест поради одлуката да не им се исплаќа додатокот на плата од 30 проценти. Бесими не очекува проблеми со трезорот...

Втор ден протести на вработените во Министерството за финансии. Револтирани се од одлуката на Уставниот суд за времено замрзнување на исплатата на додатокот на основната плата за 30 отсто. Од УПОЗ побараа средба со претседателката на Уставниот суд Кацарска за да им објасни зошто ја донеле таквата одлука, бидејќи држава не може за едни да биде мајка, а за други маќеа.
Во овој предмет нарушено е владеењето на правото, став на претседателката на уставниот суд Кацарска. Таа појасни дека за категоријата вработени што доби надополнување на плати, нема утврдено такво право ниту во законот, ниту во колективниот договор.
Штрајкот е уреден со закон и устав и никој нема да може да ги престане да ги извршува работите од јавен интерес, уверува министерот за финансии Бесими.
Од Синдикатот, пак, најавија дека штрајкот ќе продолжи.
Марија Котовска
