Судство

Кацарска: Итно ни е потребно воведување уставна тужба за граѓаните

26.12.2023 14:54

Претседателката на Уставниот суд, Кацарска, со иста новогодишна порака како и лани, побара да се пополнат испразнетите места. Судот сè уште не е комплетиран со девет судии, иако годинава бил преплавен со претставки. Иницијатива има и за измените на кривичниот закон, кој за Кацарска е многу штетен…

Комплетирање на составот на Уставниот суд и потребата од воведување на уставна тужба, главни предизвици за решавање во идната година. Претседателката на Судот, Добрила Кацарска, и годинава побара да се пополни испразнетото место, на коешто извиси досегашниот републички обвинител, Јовески. Уставен работи со нецелосен состав, со осум од предвидените девет судии. Жежок костен пред судиите и Законот за употреба на јазиците.

Кацарска упати апел до политичарите, да им овозможат на граѓаните преку уставна тужба да си ги заштитат слободите и права, за да не мора правдата да ја бараат во Стразбур. Но, потребни се уставни измени за да се прошират надлежностите на Судот, којшто годинава бил преплавен од 210 нови иницијативи и седум барања за заштита на слободите и правата на граѓаните.

Игор Панов