Македонија

Во пресрет на празниците, кампања против употреба на петарди и пиротехника

26.12.2023 15:27

Во пресрет на празниците, полицијата секојдневно прави големи заплени на пиротехнички средства. Ама, и покрај укажувањата на ризиците, петардите сè уште се користат. За да се променат работите, и се казнува и се прават кампањи за подигнување на свеста…

Показна вежба, што може да се случи од употреба на петарди. Петардите не се играчка, потребно е подигнување на свеста особено кај младата популација што може да се случи доколку се употребуваат пиротехнички средства.

Петарди не, безбедност пред сè. Годишно многумина се здобиваат со траен инвалидитет од пиротехнички средства. Младите недоволно едуцирани.

На глобално ниво, секоја година над 150.000 лица остануваат инвалиди поради користење петарди. 80 проценти се деца. Полицијата со низа активности за спречување на продажбата на пиротехнички средства. Презема и репресивни и превентивни мерки.

Дури и мала експлозија може да доведе до траен инвалидитет, што понатаму влијае и на физичките способности и на емоционалната благосостојба, истакна директорката на Клиниката за пластична хирургија, д-р Софија Пејкова.

Надлежните им сугерираат на младите дека не треба да се впуштаат во забави кои може да завршат со трагични последици.

Ана Јосифоска-Тодоровска