Театар
Со „Падот на Масада“ Драмски театар ја заокружува програмата за 2023-та година
26.12.2023 17:30
Претставата „Падот на Масада“ ја режираше режисерот Дејан Пројковски, на текст на авторот Венко Андоновски, а ќе се изведе во четврток на 28-ми декември.

Драмски театар Скопје со премиерата на претставата „Падот на Масада“ ја заокружува својата продукција од годишната програма за 2023-та година.
Претставата „Падот на Масада“ ја режираше режисерот Дејан Пројковски, на текст на авторот Венко Андоновски, а ќе се изведе во четврток на 28-ми декември.
Улогите ги толкуваат актерите на ансамблот при Драмски театар Скопје: Јелена Жугиќ, Емилија Мицевска, Филип Трајковиќ, Рубенс Муратовски и Александар Степанулески.
Фото: Драмски театар- Скопје