Советот на јавни обвинители за утре закажа седница за давање мислење за пријавените кандидати за нов државен јавен обвинител
На огласот за нов државен јавен обвинител пријавени се тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РСМ.

Советот на јавни обвинители утре ќе ја одржи 94-тата седница, на чиј дневен ред е давање на мислење за пријавените кандидати на Огласот за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија.
На огласот за нов државен јавен обвинител пријавени се тројца кандидати – Фатиме Фетаи од Вишото јавно обвинителство Скопје, Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје и Љупчо Коцевски од Јавното обвинителство на РСМ.
Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.
На актуелниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески му истече мандатот на 25-ти декември, а Советот на седница минатата недела ја избра обвинителката Соња Симовска од Државното јавно обвинителство за вршител на дожноста до завршување на изборот.
