Реал подготвува документи за евентуален договор со Мбапе

26.12.2023 18:06

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе се јави во јануари за да го праша Мбапе дали сè уште сака да му се приклучи на мадридскиот клуб, пренесуваат медиумите.

Реал Мадрид почна да подготвува документи за купување на напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе на почетокот на јануари 2024 година. Дотогаш Французинот веќе ќе може да преговара со кој било клуб, пренесуваат повеќе медиуми.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе се јави во јануари за да го праша Мбапе дали сè уште сака да му се приклучи на мадридскиот клуб, пренесуваат медиумите.

Шпански „AS“ претходно објави дека Реал Мадрид нема да се обиде да го ангажира Французинот по секоја цена.

Претходно се појавија шпекулации дека Мбапе ќе потпише нов договор со ПСЖ под услов тој да биде долгорочен.