Македонија

Синодот на МПЦ-ОА разгледа црковни и политички случувања

26.12.2023 18:10

Светиот синод реагира и на најавата за учество на партијата Самоопределување од Косово на парламентарите избори, како дел од Европскот сојуз за промени.

Синодот на Македонската православна црква - Охридска архиепископија одржа седница. На маса и црковни, ама и политички прашања.

Поглаварот г.г. Стефан им посакал добредојде на новоинтронизираните архиереи, со што е завршен процесот на интеграција на владиците од ПОА во МПЦ-ОА.

Светиот Синод реагира и на најавата за учество на партијата Самоопределување од Косово на парламентарите избори, како дел од Европскот сојуз за промени.

„Апелираме до сите македонски политички фактори, до опозицијата, како и до добронамерните албански партии, да сторат сè што е потребно за спречување на такви дејствија во македонската политичка сцена“, велат до Синодот на МПЦ-ОА.