На 25-ти јануари пресуда за „Ласкарци“
Случајот кој се однесува на автобуската несреќа што се случи на 13-ти февруари 2019-та година во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.

Пресудата за случајот „Ласкарци“ ќе биде објавена на 25-ти јануари, откако денеска во Основен кривичен суд Скопје, се изведоа последните завршни зборови од постапката која започна во 2019-та година.
Случајот кој се однесува на автобуската несреќа што се случи на 13-ти февруари 2019-та година во која животот го загубија 16 патници, а над 30 беа повредени.
Обвинети се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс“, одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари и возачот на автобусот, Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот. Тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело.
Според членот 300 став 2 од Кривичниот законик, за кој се товарат обвинетите, казната затвор изнесува најмалку четири години.
Процесот го води судијката Диана Груевска Илиевска.
