Европа

Катедралата во Келн останува затворена поради терористичка закана

26.12.2023 20:31

Катедралата во Келн, најпосетуваната туристичка локација во Германија, останува затворена помеѓу Божиќ и Нова година кога катедралата обично ја посетуваат над 100 илјади туристи.

Поради зголемениот ризик од терористички напади, катедралата во Келн останува затворена за посетители, со исклучок на верниците кои влегуваат на миса.

Влезот во катедралата од литургиски причини, како присуство на миса или исповед, ќе биде дозволен по полициска контрола. За други видови посети, катедралата останува затворена од безбедносни причини, се вели во заедничкото соопштение на полицијата и архиепископијата на Келн.

Безбедносните мерки беа воведени минатиот викенд поради сомневањата дека се подготвуваат терористички напади со исламистичка позадина врз катедралите во Келн и Виена.