Влада
Премиерот Ковачевски во посета на Струга
27.12.2023 08:05
Премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе има свое обраќање на официјалното отворање на затворениот пливачки базен во Струга...

Денеска претседателот на Владата на Република Македонија, Димитар Ковачевски ќе ја посети општина Струга. Премиерот Ковачевски ќе присуствува и ќе има свое обраќање на официјалното отворање на затворениот пливачки базен во Струга.
Како што соопштуваат од владината прес-служба, после официјалното отворање на базенот, предвидени се изјави за медиумите.
