Временска прогноза

Сончево и релативно топло време

27.12.2023 08:08

Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер...

Сончево и релативно топло. По одделни котлини ќе има појава на магла. Долж Повардарието ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Максималната температура ќе достигне до 17 степени.

Во Скопје претпладне со појава на магла, преку денот сончево со слаб северен ветер. Минималната температура денеска ќе се спушти до -1, а максималната ќе достигне до 14 степени.