Македонија

Седница на Советот на ЈО за давање мислење за пријавените кандидати за нов државен јавен обвинител

27.12.2023 08:46

Фетаи, Раичевиќ и Коцевски ќе се борат да застанат на чело на Републичкото јавно обвинителство. Советот денеска на седница ќе дава мислење за тројцата кандидати …

Советот на јавни обвинители денеска ќе ја одржи 94-тата седница, на чиј дневен ред е давање на мислење за пријавените кандидати за именување на јавен обвинител на Република Северна Македонија. Фатиме Фетаи, Лидија Раичевиќ и Љупчо Коцевски се тројцата јавни обвинители кои аплицираа за функцијата.

Советот на ЈО, согласно законските рокови, треба во рок од 15 дена да даде позитивно или негативно мислење до Владата, по што Владата до Собранието предлага еден од кандидатите што добил позитивно мислење.