Собрание

Комисијата за прашања на изборите и именувањата треба да го Утврди предлог – одлуката за избор на член на ДИК

27.12.2023 08:48

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на која се очекува да се Утврди предлог – одлуката за избор на член на Државната изборна комисија, врз основа на предлозите на политичките партии...

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница, на која се очекува да се Утврди предлог – одлуката за избор на член на Државната изборна комисија, врз основа на предлозите на политичките партии. По утврдувањето на кандидатот, тој треба да се гласа на седница на Собранието.

Член на Државната изборна комисија се избира со двотретинско мнозинство.

По именувањето на Кренар Лога за министер за правда се испразни едно место во ДИК.