ДКСК ќе ја одржи 97. седница
Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 97-та седница..

Државната комисија за спречување на корупцијата денеска ќе ја одржи 97-та седница. На дневен ред се предлог записниците од претходните 95-та и 96-та седница на Антикорупциската комисија, Програма за работа на ДКСК за 2024 година, Годишниот план за следење на имотната состојба и интересите за 2024 година, Годишниот план за антикорупциска проверка на легислативата за 2024 година, како и Правилникот за измена и дополнување на Правилникот за формата и содржината на образецот на изјавата за имотната состојба и интересите.
Членовите на ДКСК ќе ги разгледаат и Функционална анализа на Државната комисија за спречување на корупцијата, Антикорупциска програма за јавни претпријатија и АД во државна сопственост, Усвојувањето акти огласно Законот за заштита на личните податоци, постапување по конкретни предмети, како и постапувањето по пријави од укажувачи.
