Собрание
Четврти ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година
27.12.2023 09:03
Собранието во рамки на денешното продолжение на 135. седница четврт ден треба да расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година. За пратениците од опозицијата, буџетот е напумпан, гломазен и неразвоен буџет...

Четврти ден општа расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година. Собранието во рамки на денешното продолжение на 135. седница четврт ден треба да расправа по Дополнетиот предлог буџет за 2024 година. За пратениците од опозицијата, буџетот е напумпан, гломазен и неразвоен буџет, кој како што кажаа не носи развој, туку криминал и корупција.
За владејачкото мнозинство, пак, е реален, развоен и ќе обезбеди одржлив економски раст.
