Руско гранатирање на железничка станица во Херсон
Најмалку едно лице загина, а четворица се ранети во руското гранатирање на железничка станица во Херсон, јужна Украина, каде што цивилите се подготвувале да го напуштат градот...

Најмалку едно лице загина, а четворица се ранети во руското гранатирање на железничка станица во Херсон, јужна Украина, каде што цивилите се подготвувале да го напуштат градот, соопштуваа украинските власти.
Во моментот на нападот на железничката имало околу 140 цивили кои чекале да тргне возот за евакуација. Киев тврди дека руските сили извршиле најмалку 46 напади со дронови. Поради неизвесноста од нова воена помош Киев се фокусира на сопствено производство на оружје. Во меѓувреме ЕУ подготвува резервен план од 20 милијарди евра помош во случај на унгарско вето.
„Одржав неколкучасовен состанок посветен на производството на нашето оружје следната година. Од артилерија до беспилотни летала и проектили. Мора да се дефинира нашиот одбранбен сектор и следната година да биде што е можно попродуктивна. Мора да произведуваме-независно или заедно со партнерите, сè што и е потребно за да се одбрани од каква било форма на руска агресија“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.
