Австалија

Најмалку девет загинати по силното невреме што ја зафати Австралија

27.12.2023 09:41

Невремето кое почна на божиќните празници зад себе остави откорнати дрвја и урнати далноводи, поради што десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија.

Најмалку 9 лица загинаа во силното невреме кое ги зафати источните сојузни држави на Австралија. Невремето кое почна на божиќните празници зад себе остави откорнати дрвја и урнати далноводи, поради што десетици илјади домаќинства останаа без електрична енергија.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по исчезнати лица во бурата која со себе донесе силни ветришта, а поројните дождови предизвикаа и поплави.

Метеоролозите предупредуваат дека регионот на Квинсленд и натаму е под ризик од грмотевици, град, поплави и силен ветер.

„Бројот на загинати во југоисточен Квинсленд се искачи на шест. Полицијата потврди дека третиот човек кој беше исчезнат е пронајден мртов. Сочувство до семејствата. Завчера беа регистрирани 250.000 громови, вчера уште 150.000. Ова се многу интензивни бури“, изјави Стивен Мајлс, премиер на Квинсленд.