Стапуваат на сила мерките и препораките за надминат праг на загадување
Мерните станици во Лисиче и Ректорат вчера измериле 229, односно 169 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички, а во понеделникот нивната концентрација била 211 микрограми на кубен метар...

Мерните станици во Лисиче и Ректорат вчера измериле 229, односно 169 микрограми на кубен метар ПМ 10 честички, а во понеделникот нивната концентрација била 211 микрограми на кубен метар.
Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство препорачаат сите работодавци да ги ослободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, како и лицата со хронична астма, прележан миокарден инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста, со препорака на матичен лекар. Да препорачаат на сите правни субјекти (работодавци) да го реорганизираат работното време и лицата кои работат на отворено да работат од 11.00 до 17.00 часот, да не се организираат спортски натпревари и други културни манифестации на отворено, да обезбедат услови за зголемени активности на службите за итна медицинска помош, домашна посета и патронажна служба.
Владата на Република Македонија ги задолжи сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпријатијата и АД во државна сопственост, како и на Единиците на локална самоуправа да ја намалат (до 50%) употребата на службените возила и да обезбеди ограничување на работите на градежните објекти.
Министерство за труд и социјална политика во соработка со Црвениот крст, Здравствениот дом и Единиците за локална самоуправа треба да обезбедат прифатилишта за сместување на бездомници. Да дадат поддршка на стари осамени лица преку организирани посети.
Министерството за здравство да ја задолжи Службата за итна медицинска помош да доставува Информација до ИЈЗ за број на повици (според дијагноза/код на МКБ10, пол, возраст, место на живеење/општина), за времетраењето на епизодата на алармантно загадување на воздухот на дневна основа се до завршување на епизодата и една недела по завршувањето.
