Јужна Кореја

Актерот од оскаровецот „Паразит“ пронајден мртов во својот автомобил

27.12.2023 11:17

Јужнокорејскиот актер Ли Сун-Кјун познат по улогата во филмот „Паразит“ награден со оскар, е пронајден мртов во својот автомобил во Сеул...

Јужнокорејскиот актер Ли Сун-Кјун познат по улогата во филмот „Паразит“ награден со оскар, е пронајден мртов во својот автомобил во Сеул.

Полицијата го пронашла откако бил пријавен за исчезнат. Иако дополнителни детали не се наведуваат за причината на смртта, семејството на Ли претходно пријавило во полиција дека тој заминал од дома откако напишал порака слична на белешка за самоубиство.

Ли беше под истрага за наводи за користење марихуана и други дроги и обвинет во дел од голема операција против наркотици во Јужна Кореја, во која беа вклучени бројни познати личности.