ОЈО
Советот на ЈО даде позитивно мислење Љупчо Коцевски да биде нов државен јавен обвинител
27.12.2023 12:43
Љупчо Коцевски е единствениот кандидат за наследник на досегашниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески кој замина во пензија...

Љупчо Коцевски е единствениот кандидат за наследник на досегашниот државен јавен обвинител Љубомир Јовески кој замина во пензија. Коцевски доби едногласно позитивно мислење на денешната седница на Советот на јавните обвинители.
Конкуренти за местото прв човек на Државното обвинителство беа и обвинителките Лидија Раичевиќ и Фатиме Фетаи.
Изборот на Советот на обвинителите, според законот, треба да биде одобрен од Владата и изгласан во македонското Собрание.
