Собрание

Тензично на собраниската Комисија за именувања и избори каде се расправа за избор на член на ДИК

27.12.2023 14:26

Тензично, гласно и нејасно. Пратениците во обид да изгласаат член на Државната изборна комисија...

Вака како што велат самите пратеници изгледа театарот кога се избира кандидат за член на ДИК во Комисијата за избори и именување. Сега се двајца кандидати едниот од опозициската албанска коалиција, а другиот од партијата на Аријанит Хоџа која не учествувала на последните избори како што налага законот. Тоа е причината за караниците меѓу власта и опозицијата.

За опозицијата власта сака преку кандидат од партијата на Хоџа да наметне свој член во ДИК. Претседателката на комисијата сакаше двајцата кандидати да ги пушти на гласање на пленарна седница што би било прв пат при изборот за член на ДИК.

Доколку не биде избран кандидатот на опозицискиот европски сојуз за промени Абдуш Демири, партиите најавија дека ќе го напуштат Собранието, а ВМРО-ДПМНЕ ќе го напушти ДИК бидејќи велат целта на власта е ДУИ да манипулира со изборниот процес.

 

 

Миле Ристески