Македонија

Грковска: Лицата кои се на црна листа во други држави треба да се процесуираат и кај нас

27.12.2023 14:41

Се разгледуваат варијанти за можен закон за да се санкционираат лицата што ќе се најдат на „црната листа“ на САД. Вицепремиерката за добро владеење, Славица Грковска за 2024 година прави планови за нови активности за сузбивање на корупцијата...

Подготвен е драфт – предлог на измените на Законот за рестриктивни мерки, кој е во процедура врз чија основа санкциите од САД, ЕУ и од другите наши стратешки партнери ќе бидат процесирани во македонското законодавство, најави вицепремиерката задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска.

Целта е да се овозможи санкциите изречени од САД кои се однесуваат на корупција, организиран криминал, тероризам и хибридни закани, да можат да се применат и во нашата држава, а назначените субјекти да подлежат на санкции согласно со домашното законодавство, посочи Грковска.

Според вицепремиерката,многу лоша порака е да се види дека лицата кои се ставени на црна листа во други држави, кај нас се однесуваат како ништо да не се случило, децидна е Грковска.

Таа потенцира дека медиумите, граѓанскиот сектор и Државната комисија за спречување на корупцијата се клучните партнери кои треба да реагираат и да укажуваат на таквите однесувања.

 

 

Игор Панов