Возилата со косовски регистрации ќе може слободно да се движат на територијата на Србија
Српската влада усвои одлука со која возилата со косовски регистрации може слободно да се движат на територијата на Србија од 1-ви јануари...

Српската влада усвои одлука со која возилата со косовски регистрации може слободно да се движат на територијата на Србија од 1-ви јануари. На граничните премини ќе биде објавено оградување со кое одлуката не треба да се толкува како признавање на независноста на Косово.
Покривањето на државните симболи на Србија и Косово на регистарски таблички со налепници беше дел од привремениот договор постигнат меѓу Белград и Приштина на 30 септември 2021 година, во процес со посредство на ЕУ, со цел да се деескалира ситуацијата на северот на Косово.
За Брисел, ова е позитивен чекор, Србите на северот на Косово поделени – за едни „предавство“ и „пораз“, за други добро решение.
