На средните училишта во источниот регион им фалат 400 ученици
Средните училишта од источниот регион, според конкурсот за прием на ученици, планираат да запишат 3.200 средношколци во прва година. Годинава, основно образование ќе завршат околу 2.800 ученици...

Годинава 12-те средни училишта во источниот регион планираат на близу 3.200 ученици, што е за 25 отсто повеќе во однос на учениците што се запишаа лани.
Плановите на училишта не соодветствуваат со реалниот број на завршени осмооодделенци кои оваа година се околу 2.800, што е за 400 помалку од слободните места во училиштата, еквивалент на една генерација средношколци во едно училиште.
Како училиштата ќе ја пополнат предвидената бројка на ново запишани ученици.
„Евидентно е намалувањето на бројот на осмоодделенци, но ние како единствено училиште од ваков вид во регионот, очекуваме ученици од Штип, но и од целиот источен регион“ , вели Драги Илиев, директор на СОУ „Јане Сандански“ - Штип.
Дел од училиштата, веќе организираат и отворени денови за осмоодделенците.
„Секој предметен наставник беше овде за на учениците да им ја презентира институцијата, да се запознаат со училниците, со кабинетите, какви технички предности имаме, што се’ можат да научат “, изјави Тамер Јамаковски, наставник во Гимназија „Славчо Стојменски“ – Штип.
Во меѓувреме со свој план се и учениците. Во кое средно ќе се запишат тие веќе планираат.
„Планирам да се запишам во средното музичко училиште. Јас се одлучив за гимназија“, изјавија дел од анкетираните осмоодделенци.
Конкурсите за упис на ученици во прва година од средно образование, предвидуваат запишување на околу 240 ученици по училиште, што е доволно за формирање на по 7 паралелки. Доколку планот не се исполни, општините веќе размислуваат да одобрат формирање паралелки со помал број ученици.
Оливера Жежова
