Македонија
Арсовска не се појави на седницата на Советот на Град Скопје
27.12.2023 16:27
Дел од советниците реагираа зошто градот Скопје за идната година издвоил помалку средства за справување со аерозагадувањето.
Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не се појави на седницата на Советот на Град Скопје, на која точка на дневен ред е буџетот за градот.
Дел од советниците реагираа зошто градот Скопје за идната година издвоил помалку средства за справување со аерозагадувањето.
Симболично, со гас маска на лицето говореше советникот од „Зелен хуман град“. Независната советничка Ирена Витина го обвини за популизам.
