Здравство

2023-та, лоша година за битолската болница

27.12.2023 17:04

Битолската болница се поднови со кадар и со нов апарат, но условите за лекување сè уште се далеку од добри, оти недостига уште многу. Министерот Меџити денеска ја посети болницата…

2023-та беше лоша година за битолската Клиничка болница. Немилите настани со малата Јана, мртвороденото бебе, честите внатрешни контроли, хроничниот недостаток на лекари специјалисти и опрема која недостасуваше или беше вон функција, оставија длабоки лузни. Ваквите состојби сè уште негативно делуваат кај актуелните или потенцијалните пациенти.

Министерот Меџити вели, нема да дозволиме повеќе само да стои натписот Клиничка болница и ваквите настани да се повторуваат. Чекор напред се првите вработувања до крајот на годината.

Директорката Ивановска вели, напорно работиме на обука на персонал за ставање во функција на дел од одамна набавената опрема, но се пополнува и она што недостасувало.

Во таа насока велат, е денешната донација на Обединетата македонска дијаспора вредна околу 450.000 американски долари, а се состои од значајна медицинска и немедицинска опрема неопходна за пациентите.

Стевче Митревски