Двојно убиство во тетовски Челопек
Тетовски Челопек завиен во црно. Повозрасен маж со огнено оружје усмрти двајца негови роднини, и рани уште едно лице. Причината за двојното убиство се нерасчистени имотни односи. Убиецот е уапсен…

Попладнево, двојно убиство во тетовски Челопек ја вознемири јавноста. Првичните информации говорат дека се убиени татко и син, а во нив пукал повозрасен маж кој исто така во инцидентот се здобил со повреди и итно е пренесен во Клиничката болница. Повредено е и уште едно лице.
„Станува збор за нерасчистени имотни односи во едно семејство. Тоа се првите сознанија кои ни ги пратија колегите од терен. Очекуваме наскоро да се заокружи целиот процес и да имаме детални информации за случајот“, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Повредените и убиените се роднини, а мотивот на денешниот инцидент бил банален. Според мештаните на тетовското село Челопек, инцидентот настанал откако претходно настанала вербална расправија за паркинг простор.
Полицијата и Јавното обвинителство вршат увид, а местото каде што се случил инцидентот е под силно полициско обезбедување.
Зоран Димовски
